Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема продолжува да тренира на индивидуална програма пет дена пред осминафиналето од Лигата на шампионите против ПСЖ. Тоа го пренесува „Football Espana“.
34-годишниот напаѓач заработи повреда на мускулот во 1/8 финалето од Купот на Шпанија со Елче (2:1), кое се одигра на 20 јануари. Беше објавено дека Бензема ќе отсуствува две недели. Тој веќе пропушти два натпревари за шпанскиот тим и најверојатно нема да настапи на првенствениот меч против Виљареал.
Според изворот, нема гаранција дека Бензема ќе може да се опорави за првиот меч од 1/8-финалето на Лигата на шампионите со ПСЖ, кој ќе се одржи следниот вторник, на 15 февруари (21:00 часот).
Бензема оваа сезона постигна 24 гола на 28 натпревари во сите натпреварувања.