По постигнувањето на два гола на вчерашниот натпревар со Валенсија, напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема влезе во клубот 300 на Реал Мадрид.
Тој впрочем во својата кариера дојде до бројот 301 постигнати голови во дресот на Реал Мадрид и со тоа е во друштво на Кристијано Роналдо (450), Раул (323), Алфредо Ди Стефано (308), а Бензема има 301 гол.
Реално е да се очекува дека Бензема многу скоро ќе се пробие на 3 место, а за тоа му недостасуваат уште седум гола со кои ќе го стигне Ди Стефано.
https://twitter.com/InfiniteMadrid/status/1479916779405287424

