Францускиот напаѓач во екипата на Реал Мадрид, Карим Бензема влезе во престижниот клуб на играчи со најмалку 200 гола во шпанската „Ла Лига“.
Бензема своите голови број 199 и 200 на натпреварот против Мајорка, при победата од 6:1. Така, тој ја зазеде десеттата позиција во вечното рангирање, на чие чело е Лионел Меси.
JUGADORES CON 200+ GOLES EN LA LIGA
473 MESSI
311 CRISTIANO
253 ZARRA
234 HUGO SANCHEZ
228 RAÚL
227 DI STEFANO
221 CÉSAR
219 QUINI
211 PAHIÑO
200 BENZEMA— MisterChip (Alexis) (@2010MisterChip) September 22, 2021
Поранешниот предводник на Барселона има 473 голови, но тоа се објаснува со фактот дека неговата досегашна кариера целосно помина во „Ла Лига“. Од оваа сезона тој е играч на ПСЖ, но сеуште нема гол за Парижаните.