Напаѓачот на Реал Мадрид Карим Бензема се искачи на 5-та позиција на листата на најдобри стрелци во клубот на Мадрид.
На домашниот натпревар од 29-то коло на Примера со Валенсија, Французинот беше стрелец на два гола на оваа средба, а неговиот втор гол беше за него 243-ти во дресот на „кралскиот клуб“. Пушкаш имаше 242 постигнати голови.
Најдобар стрелец на Реал Мадрид со 450 постигнати голови е Кристијано Роналдо, кој моментно игра во Јувентус. Раул (323) го зазема второто место на списокот, а потоа следуваат Алфредо ди Стефано (308) и Сантиљана (290).
Следен предизвик за Бензема во наредните години ќе биде да ги достигне Алфредо ди Стефано и Сантиљана кои се на 3-ти и 4-то место на оваа голгетерска листа.

