Напаѓачот на италијански Сасуоло, Доменико Берарди побарал од управата на клубот да го стави на трансфер листата.
Минатата сезона, 27-годишниот Италијанец постигна 17 гола и даде осум асистенции на 30 натпревари за клубот во Серија А. Берарди е дете на Сасуоло и настапува за „зелено-црните“ од 2012 година. Договорот на Берарди со клубот важи до 30 јуни 2024 година.
Според извештаите на медиумите, барањето на Берарди за трансфер значително ќе ја намали цената на играчот од 40 милиони евра на помалку од 30 милиони евра. Минатиот месец се зборуваше дека Челзи и Вест Хем, како и Борусија Дортмунд, се заинтересирани за Берарди.