Новиот италијански второлигаш, Монца која е во сопственост на поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони и неговиот прв соработник Адриано Галијани, потпиша договор со Кевин-Принс Боатенг, кој ќе пристигне од Фиорентина во следните 24 часа.
„Газета дело Спорт“ открива дека поранешниот напаѓач на Милан, кој минатата сезона ја помина на позајмица во Бешикташ, потпишал едногодишен договор со Монца.
Претседателот Силвио Берлускони, кој има за цел промоција во Серија А, продолжува да го гради тимот кој ќе биде конкурентен за експресна промоција во елитата.

