Крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Бернардески е блиску до заминување од Јувентус, а кариерата би можел да ја продолжи во Наполи.
Наполитанците му понудиле на 28-годишниот Италијанец 4-годишен договор со плата од 2,5 милиони евра годишно.
Самиот Бернардески побарал плата од најмалку 3 милиони по сезона, плус бонуси, што отвори нова страна во преговорите меѓу двете страни.
Според некои информации Наполи не е расположен за зголемување на понудата, но ќе почека на последната одлука на агентот на фудбалерот пред да ги затвори разговорите.
