Федерико Бернардески не се сомнева дека неговиот Јувентус е фаворит да ја освои Лигата на Шампионите оваа сезона. Со доаѓањето на мегаѕвездата на Реал (М), Кристијано Роналдо, очекувањата на „Старата Дама“ се зголемија значително, па многумина сметаат дека Роналдо ќе ја има клучната улога во обидот на Јувентус да го освои европскиот трон.
„Мислам дека оваа година сме навистина многу силни. Имаме исклучително стабилен и силен тим со многу квалитетни играчи на секоја позиција. Веројатно сме фаворит да ја освоиме Лигата на Шампионите и се надевам овој пат тоа ќе се случи. Нема да ни е лесно, но тоа ќе биде голем предизвик за нас“, вели младиот стартер во тимот на Алегри.