Фудбалерите на Манчестер Сити вчера го совладаа ПСЖ на домашен терен во петтата рунда во групната фаза во Лигата на шампионите а нивниот тренер, Пеп Гвардиола, вели дека Бернардо Силва имал големо влијание за освоените бодови.
„Една од причините за победата е играта на Бернардо. Постојано одржува вистинско темпо и проигрува во перфектен момент овозможувајќи им на соиграчите да постигнат гол“ – изјавил Гвардиола и се насочил кон францускиот напад.
„Погледнете ја акцијата во која Нејмар промаши голема шанса, го изведоа тоа од ништо. Моравме да се браниме како тим“ – потенцираш шпaнскиот стратег.