Англискиот фудбалски клуб Брајтон на официјална веб-страница, објави, дека дефанзивецот Бернардо ќе го помине остатокот од сезоната на позајмица во австрискиот состав Салцбург.
25-годишниот Бразилец ќе биде на позајмица во тимот за кој играше од јануари до август во 2016 година. Потоа беше регрутиран од РБ Лајпциг и играше за германскиот клуб две години пред да биде купен од Брајтон во 2018 година.
Бернардо во тековнава сезона има реалзирано седум натпревари за Брајтон во сите натпреварувања на кои постигна и еден гол.

