Фудбалерот, Исмаел Бенасер, ќе потпише нов договор со Милан, потврди техничкиот директор на „росонерите“ , Паоло Малдини. Тој прокоментира дека Рафаел Леао исто така сака да го продолжи престојот на „Сан Сиро“.
„Мислам дека во наредните 24 до 36 часа ќе договориме повторно потпис со Бенасер“ – беа зборовите на Малдини.
Италијанскиот тим засега не планира да купува нови играчи во зимскиот трансфер период.