Весникот – „Сан“ објави дека Андреа Берта, новиот спортски директор на Арсенал, сака да купи најмалку тројца фудбалери во летниот преоден рок.
Според наведеното во текстот, станува збор за Мартин Зубименди од Реал Сосиедад (50 милиони фунти), напаѓачот на Спортинг (Лисабон) Виктор Ѓокерес, (84 милиони фунти) и брзоногото крило на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, (49 милиони фунти).
Претходно беше објавено дека „топчиите“ планираат да се разделат со неколку играчи меѓу кои се Жезус, Тросар, Зиченко и Парти.

