Аргентинските пливачи Гилермо Бертола и Елизабет Сесилија Биаџоли се победници на Интернационалниот пливачки маратон на 10 километри кој денеска се одржа во водите на Охридското езеро.
Бертола делницата од 10 километри ја помина за време од 2:02,46 часа, оставајќи го зад себе Венцислав Ајдарски, додека третопласиран заврши Алехандро Хоакин Морено. Нашиот единствени преставник Александар Илиевски финишираше петти.
Кај дамите, првото место и припадна на Елизабет Биаџоли, која имаше време од 2:10,27 часа. Втора беше нејзината сонародничка Ромина Ивинкерлајд, а трета заврши Ерика Јенсен. Македонската пливачка Ева Петровска се пласираше на петтата позиција.