Навивачите на Шкендија се во исчекување дали нивниот клуб ќе успее да се договори за продолжување на соработката со еден од своите најдобри фудбалери Бесарт Ибраими.
Тетовскиот тим се обидува да го задржи својот голгетер, кој има атрактивни понуди од Албанија и Косово. Од Шкендија се надеваат дека ќе успеат да го задржи својот најдобар стрелец, а последните разговори одат во таа насока и може да се очекува дека Ибраими ќе стави потпис на нов договор со Шкендија.
Бесарт Ибраими веќе пет години е дел од Шкендија, односно од јули 2015 година. Во овој период успеа да освои две шампионски титули со екипата на Шкендија, а тој имаше голем приидонес во тоа.