Главниот лекар на Динамо Киев, Андреј Шморгун, зборуваше за резултатите од прегледот на напаѓачот, Артјом Беседин, кој беше сериозно повреден на мечот Шведска – Украина.
„Беседин беше подложен на МРИ преглед. На скенирањето се гледа делумна повреда на задниот вкрстен лигамент, делумна повреда на внатрешните и надворешните странични лигаменти како и фрактура на феморалните кондили“ – изјави Шморгун.
„Се консултираме со трауматолози и хирурзи за процесот на лекување. Периодот на опоравување е околу шест месеци“ – изјави Шморгун.

