Бешикташ одлучи да се откаже од идејата да потпише со напаѓачот Диего Коста, пренесува „Глобо Еспорте“.
Претседателот на Бешикташ, Ахмет Нур Чеби, смета дека барањата на Бразилецот се преценети и стави вето на договорот. Диего Коста сакаше да добива 4 милиони евра годишно. Покрај платата, тој побара процент од продажбата на дресовите со неговото име и бонуси од 1 милион евра. Диего Коста во моментов преговара со бразилскиот Атлетико Минеиро.
Напаѓачот е слободен агент откако го напушти Атлетико Мадрид во декември 2020 година. Трансфермаркт го проценува играчот на 6 милиони евра. Минатата сезона напаѓачот успеа да одигра само седум натпревари за Мадрид, на кои постигна два гола.
Во текот на својата кариера, Коста играше за португалските Брага и Пенафиел, шпанските Атлетико Мадрид, Селта, Албасете, Ваљaдолид, Рајо Ваљекано и англискиот Челзи.