Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Бешикташ одбива да го доигра прекинатиот меч со Фенербахче
    Фудбал

    Бешикташ одбива да го доигра прекинатиот меч со Фенербахче

    risteBy riste27/04/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Раководството на Бешикташ официјално објави дека играчите на тимот нема да се појават за да го одиграат полуфиналниот реванш натпревар против Фенербахче од Купот на Турција.

    Средбата беше прекината во 57-та минута при резултат 0:0, кога тренерот на Бешикташ беше погоден во главата од предмет фрлен од навивачите на Фенербахче. Турската федерација го разгледа случајот и одлучи дека двата тима треба да го доиграат натпреварот пред празни трибини на 3 мај.

    „Веќе 115 години сме на фудбалските терени – сме победувале, сме играле нерешено или сме губеле. Но за да не влегуваме во улогата на губитници, донесовме решение да не се појавуваме за доигрување на натпреварот на 3 мај. Ја прифаќаме одлуката на федерацијата со тага и огорченост” , пишува во официјалното соопштение на веб-страната на Бешикташ. Првиот натпревар помеѓу двата тима заврши со резултат 2:2.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?

    04/02/2023

    Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал

    04/02/2023

    Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа

    04/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.