Бешикташ испрати и официјална понуда до Ливерпул за резервниот голман Лорис Кариус. Како што објавија англиските весници, турскиот клуб бара најпрво да го добие германскиот голман на позајмица до крајот на сезоната, а потоа да добие и можност за откуп на договорот.
Оваа опција се појави откако Бешикташ не можеше да се договори со Арсенал за позајмицата на Оспина.
Претходно во медиумите беше објавено дека Ливерпул е подготвен да ги продаде двајца голмани, Кариус и Мињоле.