Украинскиот фудбалски репрезентативец, Артом Бесидин, доби едногодишна казна за кршење на правилата за борба против допинг, објави УЕФА.
24-годишниот напаѓач на Динамо Киев бил позитивен на стимулантот Фонтурацетам по натпреварот во Лигата на Европа против Малме одигран во изминатиот ноември. Тој доби прелиминарна санкција додека случајот беше во тек.
УЕФА изјави дека истекол рокот за жалба до Арбитражниот суд и затоа казната која трае до 19 декември годинава е конечна. Бидејќи Евро 2020 се одложува за една година поради епидемијата на корона-вирусот, Бизедин ќе има право да игра за Украина.