Првите луѓе на фудбалскиот состав , Динамо Загреб, експресно ја одбиле понудата за нашиот интернационалец, Аријан Адеми, која била испратена од шпанскиот елитен состав Бетис.
Според хрватските медиуми, Динамо оставил простор за преговори доколку сумата се зголеми до 10 милиони евра. Според најавите, Бетис како опција ги има и Гвидо Родригез и Ренато Таипа, но, за нив двајца ќе мора да плати околу 20 милиони евра.
Што се однесува до Адеми, тој поради повреда на петата нема да биде дел од зимските подготовки и ќе мора да паузира околу две недели.
