Александар Трајковски и Милан Ристовски поради повреди нема да му бидат на располагање на селекторот Благоја Милевски за претстојните два меча во Лигата на нации против Фарските Острови и Ерменија. Како што информираа денеска од Фудбалската федерација и двајцата остануваат надвор од комбинација за првите две средби, по повредите кои ги заработиле на подготовките.
Засега нема информација дали Милевски ќе повика нови фудбалери на новните места.

