Македонските одбојкари ја обезбедија и третата победа во групата „Б“ во Сребрената Лига откако беа подобри на гостувањето кај БИХ со убедливи 3-0.
Нашите одиграа одлично во сите три сета и успеаја да ја прекинат серијата од три пораза и да се вратат во игра за врвот на табелата. Утре во нашата група во рамките на 7 коло ќе биде одигран мечот меѓу Романија и Албанија.
Романците се лидери со 11 бодови, Македонија и Албанија имаат по 10 додека БИХ остана на 2 бода.