Германски „Билд“ денеска пишува дека Баерн Минхен наскоро ќе почне преговори со поранешниот голман на Манчестер Ј., Давид де Хеа. Според весникот, по гласините за можното заминување на Јан Зомер и повредата на Мануел Нојер, Томас Тухел бара нов голман и Де хеа е едно од трите имиња на списокот на потенцијални засилувања.
Покрај Де Хеа, Баерн (М) разговара и со голманот на Брентфорд, Давид Раја како и со Санчез од Брајтон.