Голманот кој е пред заминување од Шалке 04, Александар Нујбел има договор со Баерн (Минхен) и ќе стане дел од баварскиот гигант со 5-годишен договор од следната сезона, пренесува весникот „Билд“.
Претходно денес, клубот од „Фелтинс Арена“ официјално објави дека капитенот одби да го обнови својот договор и ќе замине во текот на летото како слободен играч.
Ако информацијата на германскиот таблоид е точна, тогаш Нујбел ќе го следи примерот на Мануел Нојер, кој си замина од Шалке летото 2011 година за да потпише со Баерн.
Нојер ќе има 34 години следната пролет, но тој веднаш нема да се откаже од своето место. Капитенот на Бундестимот не се очекува да се откаже пред 2023 година.