Поранешниот тренер на Лил и Атлетик од Билбао Марсело Биелса стана нов тренер на Лидс Јунајтед, тим кој игра во англискиот чемпионшип, објави прес-службата на англискиот тим на Твитер.
62-годишниот аргентински тренер склучил двегодишен договор со клубот со можност за продолжување уште една година. Биелса доаѓа во клубот од „Иланд Роуд“ и ќе му биде тренер на нашиот репрезентативец Алиоски кој ја имаше првата сезона во оваа екипа. Аргентинецот имаше неколку добри резултати водејќи ги клубовите на чие чело беше , но имаше и некои епизодни улоги.
Под негово водство Атлетик Билбао во сезоната 2011/12, стигна до финалето на Лигата на Европа и на Купот на Шпанија, во двата случаи Биелса изгубени од Атлетико Мадрид со резултат 0:3.