Полуфиналето на Светското првенство вклучува два натпревари меѓу светските сили, но цените на билетите за едниот натпревар во моментов се повеќе од двојно повисоки од оние за другиот, објави АП.
Цената на билет за денешното полуфинале меѓу Франција и Шпанија беше 1.325 долари, што е пад од 26 проценти во последните три дена, а моменталната цена е помала од половина од цената на другото полуфинале.
Цената на билетот за натпреварот Аргентина-Англија вчера изнесуваше 2.841 долари, што е зголемување од 34 проценти во последните три дена.
Финалето во недела на стадионот во Њу Џерси останува 6.760 долари, иако тоа е намалување од 6% во последните 72 часа.

