Шефот на Ферари во Формула 1, Матија Биното, вели дека целиот концепт на болидот ЦФ90 не ги исполни очекувањата. Италијанците во текот на зимските подготовки имаа одлично и брзо возило, но, во тековнава сезона во првите 5-ет трки не успеаа да ја прекинат доминацијата на Мерцедес кој во континуитет има 1-2 победи.
„Последната трка во Барселона покажа многу слабости кај нашето возило. Можеме да парирарме на рамните делови, тоа се гледа, но, на свиоците редовно трошиме многу време. Не знам што се случува ќе треба да анализираме“ – вели Биното.
„Мислам дека не е во прашање потисната сила туку нешто друго. Има уште многу трки во сезонава и ние ќе се обидеме да ги корегираме грешките. Мислам дека досегашните подобрувања се видливи“ – вели Биното.

