Шефот на Ферари во Формула 1, Матија Биното, порача дека „Скудерија“ ќе мора да се помири со уште една пропадната сезона бидејќи екипата на Мерцедес е недостижна.
„Веруваме дека можеме да се подобриме, но, ќе биде грешка да се помисли дека ќе можеме да го победиме Мерцедес. Разликата е огромна во моментов “ – вели Биното.
„Затоа ќе се обидеме да го оебзбедиме второто место, дефинитивно треба да размислуваме за тоа“ – нагласува Биното.