Оливер Бироф кој своевремено беше дел од Милан а сега е директор на германската фудбалска репрезентација, вели дека би било интересно да се види како Ралф Рангник и Златан Ибрахимовиќ ќе работат заедно на „Сан Сиро“.
„На Рангник му се допаѓа играта на младите. Агресивна и брза. Ибра има неверојатни квалитети. Физички, може да продолжи, но, психички е под прашалник. Ако пристигне Ранкник, тој има одредени правила што мора да се слeдат“ – вели Бироф.
„Ако некој не ги почитува, тогаш е надвор од списокот. Ќе биде интересно да се види дали тие два лика може да функционираат заедно“ – изјави Бироф за „Газета Дело Спорт“.

