Дуелот на гигантите на стадиониот – „Сантијаго Бернабе“ ќе ја обележи вечерта во фудбалска Европа. Реал Мадрид и Пари Сен Жермен релно гледано ни останаа должни по првиот меч во Франција кој им припадна на домаќините со минимални 1-0.
Затоа, сите се надеваат дека ќе вечер ќе гледаме спектакуларен дуел со тенденција да се постигне гол повеќе од противникот. Реал во последниве три сезони дури два пати беше елиминиран во 1 /8 финалето. Традицијата е исто така против „белите“ откако по пораз во првиот натпревар во последните 10 пресметки само еднаш продолжиле во наредната фаза.
Веројатни состави. Реал Мадрид: Куртоа; Карвахал, Милитао, Алаба, Марсело; Камавинга, Валверде, Модриќ; Асенсио, Бензема, Винисиус. ПСЖ (4-3-3): Донарума; Хакими, Маркињос, Кимпембе, Мендес; Д. Переира, Гај, Верати, Меси, Мбапе, Нејмар. СУДИЈА: Макели (Холандија) СТАДИОН: Сантијаго Бернабе почеток 21.00 часот.