Екипата на Еурофарм Пелистер доби вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите. Битолчани влегоа во групата поканети со Загреб од Хрватска, Нант од Франција, Пик Сегед од Унгарија, Кјелце од Полска и Динамо Букурешт од Романија.
Од претходно во елитата место си обезбедија: Алборг, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Фуксе, Веспрем, Колштад, Висла Плок, Спортинг и Фредериција.
РК Вардар во новата сезона ќе игра во групната фаза од Европската лига. Алкалоид за таму ќе треба да помине квалификации. ЕХФ треба дополнително да потврди дека Охрид и Тиквеш ќе играат во Европскиот куп.