Ракометните состави на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 во текот на денов ќе ги започнат подготовките за наредната сезона.
Клубот од Битола најави дека ќе ја претстави екипата и новите дресови на посебна церемонија пред првиот официјален натпревар на 21 август. Претходно Еурофарм Пелистер и сестринскиот состав ќе имаат богата подготвителна програма.
Воедно, Еурофарм Пелистер преку веб-порталот и социјалните мрежи го најави сениорскиот тим со кој ќе се атакува на пехари како на домашната така и на меѓународната сцена. Битолчани имаат ростер од вкупно 20 играчи.