Новиот тренер на македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер утрово го имаше првиот собир со екипата на стартот на подготовките за новата сезона во која покрај во домашното првенство тимот од Битола ќе биде дел и од Лигата на Европа.
Повикани ракометари за подготвителниот период:
Голмани: Урбан Лесјак, Марко Кизиќ
Леви крила: Цветан Кузманоски, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски
Леви бекови: Руди Сери, Дејан Кукуловски, Емилијан Ѓорговски
Средни бекови: Вилсон Дејвис, Павле Атанасијевиќ, Марио Танкоски
Десни бекови: Усама Хосни, Павле Петровиќ
Мартин Велковски (рехабилитација, ќе се приклучи кон екипата во месец август)
Десни крила: Мирко Радовиќ, Ненад Костески
Кружни напаѓачи: Жарко Пешевски, Денис Васиљев
Дефанзивец: Милорад Кукоски
Нови имиња се: Усама Хосни (Истр), Урбан Лесјак (Хановер), Вилсон Дејвис (Иври), Руди Сери (Рен), Денис Васиљев (Мотор Запорожје), Жарко Пешевски (Штутгарт), Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2)