Ракометарите на Еурофарм Пелистер со бронзен медал го финишираа дебитантското учество на завршниот фајнал-фор турнир во регионалната СЕХА лига.
Тие денеска во „мало финале“во Задар, го совладаа хрватскиот состав Нексе 27 спрема 23. Мечот беше решен кон средината на вториот дел кога битолчани направија разлика од 24-19.
Кај Еурофарм Пелистер, Хосни со 6 голови беше најефикасен додека еден помалку постигна капитенот Радовиќ. Пивотот, Пешевски, го заврши мечот со четири голови. Треба да се потенцира и одличната партија на голманот Лесјак кој застана на 12 успешни интервенции.