Кошаркарите на Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром денеска од 18.30 часот во салата во Битола, ќе го одиграат дербито на првото коло. Тоа за двата тима ќе биде загревање и за новата сезона во АБА 2 лигата.
Вчера на стартот на сезоната, Феникс 2010 успеа да го победи Навико академија ФМП со 70 спрема 68, Работнички очекувано славеше на гостувањето кај МЗТ Скопје Уни Банка со 85 спрема 78 додека Еуро Никел на домашен терен беше подобар од Гостивар со 88 спрема 77.
Последните два меча од првата рунда ќе бидат одиграни утре. од 17.30 часот Кожув ќе излезе на мегдан со ТФТ додека од 18.00 часот Куманово ќе биде домаќин на екипата на Ангели.

