Тренерот на ракометарите на Еурфарм Пелистер, Жељко Бабиќ, вели дека играчите се мотивирани за утрешното гостување кај ППД Загреб во рамките на СЕХА лигата.
„Добро е што ќе играме против одличен тим со одличен тренер. Во перспектива за натпреварите против Татабања, дуелот многу ќе ни значи. Се работи за екипи со приближен квалитет. Се радувам што ќе играме, што започна СЕХА лигата. Што се однесува до подготовката, четири играчи од ростерот нема да патуваат заради физички проблеми“ – вели Бабиќ. Мечот со нетрпение го очекува и крилото, Гоце Олјески.
„ Одработивме добри подготовки, бевме во Загреб и игравме тест натпревари. Одиме во Загреб да се надигруваме. Се работи за екипа која речиси секоја година игра Ф4 на СЕХА лигата. Нема да биде лесен натпревар, но, ќе играме за победа. Ќе дадеме максимум. Потоа не очекува мечот со Татабања во Битола, се надеваме на добри резултати“ – потенцираше Олјески.