Ракометарите на Еурофарм Пелистер останаа со празни раце на теренот на Загреб откако домаќинот славеше со 27:18 во меч од 5 коло во Лигата на шампионите.
„Зелено-белите“ беа рамноправен противник некаде до 50-та минута кога хрватскиот состав успеа да се одлепи и да направи поголема разлика со што практично го реши мечот.
Во македонскиот тим Борзаш постигна 3 гола додека кај противникот се издвоија Кос со пет и Кавчиќ со 4. Во наредната 6-та рунда Еурофарм Пелистер ќе му биде домаќин на Киелце.