Мирван Суварсо, претседател на фудбалскиот состав Комо, зборуваше за минатото и сегашноста на калчо-лигашот.
„Има нешто магично во ова искуство. Кога пристигнавме, не сонувавме да станеме толку голема организација и да влеземе во Серија А. Сега сме тука и чувствуваме дека ја заработивме нејзината доверба. Се надеваме дека ќе продолжиме со сонот што е можно подолго“ – рече Суварсо.
„Гледајќи назад, можеби најсилното сеќавање е промоцијата во Серија Б за време на Ковид кога сите беа принудени да останат дома а натпреварите се играа на празни стадиони“ – рече првиот човек на Комо.

