Малцинскиот акционер на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, презеде уште една контроверзна мерка за намалување на трошоците во клубот.
Станува збор за прекин на финансирањето на добротворната организација која ги поддржува поранешните играчи на Јунајтед. Традиционално, клубот за тоа плаќа 40.000 фунти годишно.
Предметната организација е основана во 1985 година со цел финансиски да ги поддржи поранешните играчи на „црвените ѓаволи“ .

