Француската фудбалска легенда, Лорен Блан, е назначен за нов тренер на Лион. Првите луѓе на клубот решија да му врачат отказ на Петер Бош поради серија лоши резултати.
Блан ќе биде во клубот до јуни 2024 година. Тој претходно работеше во Бордо и ПСЖ а беше и селектор на Франција. Последниот ангажман го имаше во екипата на Ал Рајан.
Лион во моментов се наоѓа на деветто место на табелата со 14 освоени бодови.