Ветеранот Јакуб Блашчиковски веќе не е фудбалер на Волфсбург. Тој го раскина договорот со популарните „волци” со заедничка согласност, а од германскиот клуб открија дека играчот од средниот ред ќе се врати во Полска и ќе потпише со локален тим.
33-годишниот Блашчиковски дојде во Волфсбург во 2016 година. Од почетокот на тековната сезона, поранешната ѕвезда на Борусија Дортмунд се појави само еднаш на натпревар од Бундеслигата
Во својата кариера популарниот Куба, настапуваше за екипите на Висла (Краков) и Фиорентина, но најдобриот дел од кариерата му беше во Борусија Дортмунд.