Миа Блажевска – Еминова заврши на првата позиција во втората квалификациска трка на 100 метри слободно, во конкуренција на осум натпреварувачки.
Блажевска оствари време од 57.19 секунди, што е за шест стотинки послаб резултат од оној во квалификациите за Летните Олимписки Игри. Нашата 15-годишната пливачка ги заврши настапите во Токио на 40. позиција во конкуренција од 52 пливачки од целиот свет.
Македонија до крајот на игрите ќе ја претставуваат уште атлетичарот Јован Стојоски, каратистката Пулексенија Јованоска и борачот Магомедгаџи Нуров.
Распоред на македонските спортисти на Олимписките игри:
Јован Стојоски – Атлетика 400 метри (01.08.2021 – 03:45 часот)
Пулексенија Јованоска – Карате ката (05.08.2021 – 03:00 часот)
Магомедгаџи Нуров – Борење 97кг. (06.08.2021)