Екипата на Сент Паули која во наредната сезона ќе игра во Бундес-лигата, го ангажираше на кормилото, Александар Блесин. Тој потпиша договор за три сезони.
51- годишниот стратег ќе го наследи Фабијан Харцелер, кој се пресели во Англија во составот на Брајтон. Блесин доаѓа од белгискиот тим , Ројал Унион, кој ќе добие обештетување од еден милион евра поради предвременото раскинување на договорот.
Германскиот стратег во наредната сезона ќе има главна задача да го обезбеди опстанокот. Блесин има работено во Штутгарт , Остенде (Белгија) и Џенова (Италија).

