Ветеранот во редовите на Ајакс, Дејли Блинд, по шокантната елиминација од Тотенхем во полу-финалето во Лигата на фудбалските шампиони, вели дека уште не може да поверува дека неговиот тим го загуби мечот иако имаше предност од 2 спрема 0 по првиот дел.
„Навистина не можам да се вратам во реалноста. Имавме одличен резултат, но, се падна во вода со нашата бледа игра во вториот дел“ – потенцираше дефанзивецот на „копјаниците“.
„Имавме многу шанси и не ги искористивме. Сепак треба да бидеме горди на тоа што го направивме со млад состав кој допрва треба да освојува трофеи“ – потенцираше меѓу другото Блинд.