Кевин Принс Боатенг кој во новата фудбалска сезона ќе ги брани боите на италијанската Фиорентина, се наврати на времето кога играше во редовите на шпанскиот шампион, Барселона предводен од Лео Меси.
„Беше прекрасно да се биде член на Барселона и да се работи со најдобрите во светот. Јас скоро и да не добивав шанса, но, барем ќе можам да кажам дека сум играл заедно со Меси“ – изјави Боатенг кој за тимот од „Камп Ноу“ одигра само четири средби.
Неговиот трансфер од Сасуоло во Фиорентина вреди еден милион евра.