Баерн (М) нема да смета на услугите на Џером Боатенг до крајот на сезоната, откако дефанзивецот доживеа потешка повреда на вчерашното полуфинале од ЛШ против Реал (М).
Боатенг има повреда на бутниот мускул поради што ќе мора да паузира и до крајот на сезоната. Она што е неизвесно е и неговиот настап на престојното светско првенство.
Лекарите се уште не можат да кажат дали повредата ќе му дозволи навремено враќање на терените и дали воопшто ќе конкурира за настап на Мундијалот.