Поранешниот играч од средниот ред на Милан, Звонимир Бобан, му се приклучи на раководството на клубот. Тој ќе биде спортски директор на клубот.
Од 2016 година Бобан беше дел од тимот на претседателот на ФИФА Џани Инфантино, заземајќи функцијата заменик-генерален секретар.
Хрватската фудбалска легенда ги бранеше боите на Милан од 1992 до 2001 година. Исто така поранешниот капитен на клубот и рекордер Паоло Малдини ќе добие нов позиција. Минатата сезона работеше како спортски директор, а сега ќе биде технички директор.