Некогаш стандардниот македонски репрезентативец, Бобан Николов и официјално е нов член на унгарска Кишварда. Унгарскиот прволигаш денеска ја потврди соработката со Николов, кој има дорбо искуство од настапи во Унгарија како некогашен член на Фехервар (2018-2021).
“Возбуден сум што се враќам во лигата каде што играв и порано. Би сакал да можам да играм на исто ниво и во Кишварда како што играв во МОЛ Фехервар. Ќе дадам се од себе да му помогнам на мојот нов тим да дојдедо што подобри резултати“ посочи Николов.