Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Бобан Николов се враќа во Вардар, доаѓа уште еден аргентинец !
    Фудбал

    Бобан Николов се враќа во Вардар, доаѓа уште еден аргентинец !

    risteBy riste29/01/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Есенскиот шампион во ПМФЛ, Вардар ќе добие уште еден повратник после Дарко Велковски. Станува збор за Бобан Николов, кој што од среда се приклучува на клубот. Поранешниот репрезентативец беше дел од „црвено-црните“ во периодот од 2015 до 2018 година, а потоа играше во Фехервар, Лече, Шериф, ФЦСБ, Кишварда, Борац Бања Лука.

    Тој веќе утре ќе треба да земе раскин на договорот со Фарул Костанца и ќе се приклучи на „црвено-црните“ кога ќе се вратат од подготовките од Анталија. Оваа вест е потврдена и од раководството на „црвено-црните“.

    Николов има и репрезентативно искуство со 48 натпревари зад себе, а со Шериф играше и во групната фаза во Лигата на шампионите, а со Вардар избори место во Лига Европа. Николов ќе треба да донесе дополнително искуство во средниот ред на Вардар.

    Во Вардар доаѓа и 29 годишниот аргентинскиот интернационалец Хоакин Торес. Станува збор за играч кој настапува на крилната позиција, и доаѓа од бразилската екипа Амазонас.

    Претходно бил дел од Филаделфија Унион, Њуелс Олд Бојс, Волос, Монтреал и Универсидад Католика. Тој беше најавен како можно засилување на „црвено-црните“, но ја одби првата понуда, но Вардар беше упорен и успеа да го ангажира.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.