Легендата на Милан и на Хрватска, Звонимир Бобан, се осврна на одлуката на УЕФА да го прогласи Алесандро Бастони за играч на натпреварот меѓу Баерн Минхен и Интер во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
„Со сета почит кон Бастони, тие многу малку разбираат од фудбалот. Да се даде наградата на дефанзивец по таква победа нема смисла“ – изјави Бобан.
„Напаѓачите беа фантастични. Мхитарјан и Барела одлично ја читаа играта и направија многу елегантни додавања“ – рече Бобан.

